Академија Пандев со три генерации настапи на Community Tournament

Фудбалскиот клуб Академија Пандев изминатите четири дена со три генерации настапи на силниот меѓународен турнир „Community Tournament“ кој се одржа во Грција.

36487673_1696400823809374_8865052420112121856_n

Учество зедоа генерациите на деца родени 2003, 2005 и 2007 година. Во конкуренција на екипите на Паок, Олимпијакос, Барселона Кипар и уште неколку домашни екипи, младите фудбалери на Академија Пандев освоија две први места и едно петто место.

Генерацијата 2003 и 2005 беа најдобри на турнирот со освоено прво место, најдобар играч на турнирот за 2003 генерација беше Васко Глигоров, најдобар играч на турнирот за 2005 генерација е Амин Потуровиќ, и пехар за најдобра екипа на турнирот за генерација 2003.

Младите фудбалски таленти од генерација 2007 завршија како петто пласирани.

 

Comments are closed.

Capture