Во Струмица ќе се одржи Штафета на еднаквоста

На 22 јули со почеток во 18 часот во Градскиот парк во Струмица позади амфитеатарот се до споменикот на Борис Трајковски на патека од 550 метри ќе се оддржи Штафета на Еднаквоста.
На штафетата ќе земат учество деца со попреченост кои своите пораки ќе ги предаваат на своите другарчиња и ќе пренесат порака до општеството дека и тие се тука и дека и тие можат и умеат.
Сите Вие кои сакате да учествувате во штафетата може да се пријавите на нивната ФБ група со порака.36358238_1833353310061578_4364193836574965760_o
Дајте ја Вашата поддршка на лицата со попреченост заедно со Вас да ги пренесат пораките на општеството во кое живееме.

Comments are closed.