Утре е последен ден за поднесување геодетски елаборати за бесправно изградени објекти

Општина Струмица ги информира граѓаните дека утре (30.06.2018 година) е последен ден за поднесување геодетски елаборати за бесправно изградените објекти за веќе поднесени барања во 2011 и 2015 година. Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои тоа го немаат направено, утре од 8 до 16 часот ќе има дежурна екипа која ќе ги прима елаборатите во Одделението за урбанизам кое што се наоѓа во зградата на булеварот „Ленинова“ спроти Основниот суд во Струмица.Strumica_X_18

Истовремено, се известуваат граѓаните дека рокот за поднесување на нови барања за легализација на бесправно изградени објекти трае до 31.12.2018 година.

Comments are closed.

Capture