Кривична пријава на струмичанец за „Лажно претставување“

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  С.М (35) од Струмица,  поради постоење на  основано сомневање дека

пријавениот сторил кривично дело „Лажно претставување“ предвидено во член 391 став 1 и 2 од Кривичниот законик  на Република Македонија.wpid-полиција-41-.jpg

 

Имено, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист се претставувал како претставник на правно лице специјализирано за вршење на стручни работи за безбедност и здравје при работа, со решение и овластувања од Министерството за труд и социјална политика, а  притоа без да биде вработен во такво правно лице, без да поседува уверение за стручен испит за безбедност и здравје при работа и спротивно на „Правилникот за условите за вработените, организацијата, техничките и други услови кои треба да ги исполни правното или физичкото лице за вршење на стручни работи“,  во неколку правни лица извршил стручни дејствија кои се состојат од изработување и спроведување на обуки за вработните за безбедно извршување на работата, вршење на проценки за ризик и микроклиматски мерења, како и разни мерења на физички штетности (ниво на топлина, бучава и осветленост), а кои дејствија пријавениот не смеел и не можел да ги извршува бидејќи истиот немал соодветно образование и немал никакви овластувања и сертификати за вршење на таквите работи од Министерството за труд и социјална политика согласно одредбите на Законот за безбедност и здравје при работа.

На тој начин пријавениот доведувајќи ги во заблуда, нанел директна финансиска штета на лиценцираните компании  на подрачјето.

Comments are closed.

Capture