Започна проектот Образование за вработување во Македонија (E4E@mk)

Претставници на општина Струмица присуствуваа на одбележувањето на почетокот на проектот Образование за вработување во Македонија (E4E@mk) во Скопје, а чија цел е да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјата. Струмица меѓу првите општини ќе се вклучи во проектот преку средните општински училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ со различни шеми на јавно-приватни партнерства кои ќе обезбедат квалитетно стручно образование и обука и ќе ги промовираат како остварлива можност за кариера.

 1 (31)

На одбележувањето на почетокот на проектот присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер, министерот за образование Арбер Адеми, претставници на образовни институции, бизнис заедницата и граѓански организации.

2 (16)

Во следните десет години проектот ќе биде имплементиран од страна на Хелветас Македонија, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија и ќе има за цел да овозможи што повеќе граѓани, особено младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне во развојот на стручни вештини кои ќе придонесуваат кон зголемено вработување во земјава. Во првите четири години од спроведувањето на проектот  се очекува 2.250 лица, од кои поголем дел млади да се вработат благодарение на подобрените стручни вештини.

4 (9)

-Затоа, нашата генерација на политичари, родители, професори, научници, академици, деловните луѓе – ние имаме обврска да се избориме со сите сили заедно и да работиме за да им го отвориме патот на успехот и напредокот. Тоа младите луѓе од нас силно го очекуваат. Ваквите иницијативи потпомогнати од нашите пријатели од Амбасадата на Швајцарија и амбасадорката Сибил Сутер Техада се доказ дека сме на вистинскиот пат, нагласи премиерот Заев.

Comments are closed.

Capture