Во трите средни училишта во Струмица по првото пријавување се запишале вкупно 723 ученици

По првото пријавување од јунскиот уписен рок за новата учебна 2018/2019 година во трите средни општински училишта се запишале вкупно 723 ученици. Од нив 249 ученици се запишале во СОУ „Јане Сандански“, 201 во СОУ „Димитар Влахов“ и 273 во СОУ „Никола Карев“.35896184_1677943905592366_7862340911282257920_n По првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок, во трите средни училишта останати се вкупно 572 слободни места. Најголем интерес годинава имаше за медицинските паралелки во СОУ „Димитар Влахов“, за образовните профили електротехничар за КТА и автотехничар – мехатроничар во СОУ „Никола Карев“ каде што нема слободни места, а ниту еден не се пријавил за образовните профили поледелец во СОУ „Димитар Влахов“ и електричар – електромонтер и монтер за сува градба во СОУ „Никола Карев“. Второто пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на 28 јуни.

Comments are closed.

Capture