Младите надежи на ФК Беласица се вратија од Белград, полни со нови искуства

Младите надежи на Фудбалскиот клуб Беласица се вратија од Белград, Србија полни со нови искуства.

„Одигравме два натпревари против Коервер-Врсач и Васариште од кои ги изгубивме и двата, но најважно од сѐ, се забавуваме и стекнавме нови искуства. Третиот натпревар против Сунце го добивме службено, бидејќи нивната екипа не се појави на теренот“ велат од фудбалскиот клуб Беласица на нивната фејсбук страница.

Беласица - млади фудбалери - Србија, Белград

„Поради тоа што не се пласиравме за понатаму, последниот ден го искористивме за да го прошетаме и разгледаме Белград. Ги посетивме Калемегдан и зоолошката што се наоѓа во близина на истото место“, додаваат од Беласица

„Дружбата помеѓу младите беше прекрасна и навистина се чувствуваше тимскиот дух за време на целата авантура“.

Од Беласица истакнуваат исто така: „Сакаме да се заблагодариме на Партизан за прекрасната организација на турнирот.“

Comments are closed.

Capture