Градоначалникот Јаневски положи цвеќе пред спомен бистата на борецот Боро Поцков

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борците на Македонија од НОАВМ 1941/45 година и граѓаните продолжувачи, денеска, пред спомен бистата во малиот градски парк беше одбележана 37-годишнината од смртта на Боро Поцков – Мирко.35528711_1674870275899729_5663891845613092864_n Во знак на почит, свежо цвеќе пред спомен бистата на борецот положи градончалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. За животот и делото зборуваше Соња Чурлинова, претседател на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, а членови на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.35552205_1674870269233063_7921122005494005760_n

Comments are closed.