Беласица ги започна подготовките за новата сезона

Денес беше направена првата прозивка во фудбалскиот клуб Беласица, со што стартуваат подготовките за новата сезона. За припрема, тимот од фудбалери на Беласица изминатите 3 недели работешe индувидуална тренинг програма.

Belasica - Plackovica - vo Strumica - 07.04.2018

„Нивниот труд и време вложени во тренирањето ќе бидат тестирани утре, со што ќе се утврди поединeчната физичка состојба на секој фудбалер – па, од Среда (20.06) ќе стартуваме со по 2 тренинзи на ден“, велат од Беласица на нивната фејсбук страница, и додаваат „оваа прва фаза на тренинзи ќе биде извршена во Струмица.“

„По завршувањето на првата фаза тренинзи заминyваме во Златибор (05.07), каде ќе биде одржана втората фаза тренинзи до 21 Јули.“

Во периодот помеѓу првата и втората фаза тренинзи, на 1 и 4 Јули се закажани два контролни натпревари, со ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Победа.

Comments are closed.

Capture