Од Беласица си заминаа четири фудбалери

Беласица се врати во Првата македонска фудбалска лига и се подготвува за новата сезона, во тимот веќе има две нови засилувања, но се размислува и за други.

ФК Беласица - ФК Брегалница - 19.05.2018 - ВМФЛ - Исток

Но, исто така, клубот го напуштија и четири фудбалери. Дресот на Беласица повеќе нема да го носат Мартин Мирчевски, Мика Костовски, Горан Здравков и Александар Василев.

Претходно во Беласица пристигна голманот Никола Вујанац, како и напаѓачот Зоран Балдовалиев.

Беласица по 12 години се врати во елитата, со што од следната сезона ќе се гледа големо градско дерби на „Младост“ во Струмица, помеѓу Беласица и Академија Пандев.

Comments are closed.

Capture