Две победи за младите фудбалери (генерацијата 2008) на Академија Пандев на првиот натпреварувачки ден на турнирот „Драган Манце Куп 2018“ во Белград, Србија.
Првиот натревар младите фудбалерите на Академија Пандев го добија со резултат од 3:0 против екипата на ПОФК Савациум од Шабац. Попладнето младите фудбалери одиграа уште еден натпревар и тоа против една од најдобрите школи во Србија, екипата на Рад од Белград, каде младите фудбалери на „Академијата“ забележаа победа од 3:1.
„Честитки до дечињата и тренерите и нека продолжат да не радуваат со победи“, истакнаа од Академија Пандев на нивната фејбук страница.
Comments are closed.