Градоначалникот Јаневски оствари средба со бугарската министерка за надворешни работи Захариева

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, вчера оствари средба со делегација од Република Бугарија предводена од министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.35295392_1671383786248378_6080195148644352000_n На средбата на која што присуствуваа и пратениците Катерина Кузмановска и Костадин Костадинов, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и секретарот на општина Струмица, Александар Оџаков, се разговараше на актуелни теми од повеќе области, а посебен акцент во разговорите беше ставен на прекуграничната соработка меѓу општините од двете страни на границата. 35297851_1671383819581708_6676907839979520000_nГрадоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица има одлично искуство во овој дел реализирајќи повеќе заеднички проекти, кои претставуваат добра основа за интензивирање на прекуграничната соработка. Министерката Захариева истакна дека пријателството меѓу двете земји е основа за градење на заедничка европска иднина нагласувајќи дека Владата на Република Бугарија е отворена за соработка и поддршка на проекти од општина Струмица кои уште повеќе ќе ја продлабочат соработката и ќе го подобрат животот на граѓаните.35328837_1671383689581721_8733022806150742016_n 35426595_1671383686248388_2785654499002286080_n

Comments are closed.

Capture