Во недела ќе се изврши првото авионско прскање против комарци

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од 5.741 хектари. 35239391_1669729779747112_6078891054839365632_n
Се известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши на 17.06.2018 година (недела) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.
Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18.06.2018 година во истиот временски период.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Comments are closed.

POP