Младите таленти на Беласица на меѓународен турнир во Србија

Млади таленти на Беласица, родени 2009 година, денес заминаа за Србија каде ќе учествуваат на силен меѓународен турнир “Драган Манце КУП” кој го организира фудбалскиот клуб ПАРТИЗАН.

Млади фудбалери 2009 - Беласица

На овој турнир ќе учествуваат 196 екипи од Балканот и Европа, поделени во повеќе генерации.

Интересен податок е дека дел од натпреварите ќе бидат директно пренесувани на спортскиот канал Спорт Клуб 2.

„Им посакуваме среќен пат и многу успех на нашите фудбалери и стручниот штаб“, истакнаа од ФК Беласица на нивната фејсбук страница.

Comments are closed.

Capture