ФК Беласица и ПФК Лудогорец 1945 постигнаа договор за соработка

Фудбалскиот клуб Беласица, на својата фејсбук страница информираше дека постигнале договор со ПФК Лудогорец од Бугарија.

ФК Беласица - ПФК Лудогорец - договор

„За нас, како клуб кој има високи амбиции и цели, овој договор е од големо значење, пред се поради тоа што ПФК Лудогорец е можеби и најдобро организираниот клуб на Балканот. 7 пати e шампион на Бугарија и 2 пати влегува во групна фаза во Лига на шампиони. Едноставно ПФК Лудогорец е пример за успех“ велат од ФК Беласица на фејсбук, додавајки:

„Соработката ја договорија нашиот координатор на младинската школа Ацо Стојанов заедно со директорот на младинската школа на ПФК Лудогорец Јаков Папарков и координаторот Валентин Станчев. Оваа соработка најпрвин ќе започне помеѓу младинските школи. Нашите тренери од младинската школа ќе имаат можност да присуствуваат на различни професионални обуки во Разград, и да учат од искуствата на бугарскиот шампион.“

Договорот за оваа соработка се случил минатата недела, кога фудбалерите на Беласица до 14 години учествувале на VIVACOM CUP, организиран од екипата на ПФК Лудогорец.

ФК Беласица - ПФК Лудогорец - договор 2

Comments are closed.