Уште едно ново име помеѓу тренерите во младинскиот погон на ФК Беласица

Во фудбалскиот клуб Беласица пристигна ново име помеѓу тренерите во младинскиот погон на клубот. Од клубот на нивната фејсбук страница објавија дека  се работи за Александра Ристовска носител на УЕФА А тренерска лиценца.

Александра Ристовска

Александра исто така е и капитен на ЖФК Тиверија и е дел од женската фудбалска А репрезентација на Македонија, како и селектор во женската фудбалска репрезентација до 15 години.

„Да и посакаме добредојде и многу успеси“, велат од клубот на фејсбук страницата.

 

Comments are closed.

POP