Јованов, Темелков и Маневски се враќаат во Академија Пандев

Ване Јованов, Ристе Темелков и Михаил Маневски се враќаат во Академија Пандев по едногодишната позајмица во Брегалница од Штип.

34873449_1661766023939521_4195408184552194048_n

Тројцата фудбалери кои призлегуваат од младинските селекции на Академија Пандев минатата сезона беа едни од најдобрите поединци кај штипјани во Втора лига – Исток. И тројцата продолжуваат со исполнување на професионалните договори кои ги имаат потпишано со Академија Пандев.

На фејсбук страницата на клубот од Струмица истакнуваат дека Академија Пандев уште од самото создавање на својата школа се залага во сениорскиот тим да бидат вклучени што повеќе фудбалери од својата младинска академија и им ги овозможи сите услови за да си го исполнат фудбалскиот сон, велат од клубот.

 34817699_1661765950606195_7011494768819568640_n - Copy

Comments are closed.