Јани Атанасов од Академија Пандев кариерата ќе ја продолжи во Бурсаспор

По успешно завршените медицински прегледи, играчот на ФК Академија Пандев, Јани Атанасов, потпиша четиригодишен договор со Бурсаспор од Турција.

Завршени беа и последните детали од договорот на кој потпис стави Македонскиот фудбалер Јани Атанасов.

Јани Атанасов

„На Јани сите му посакуваме многу успеси во новиот клуб и понатамошната фудбалска кариера, а ние ќе продолжиме уште повеќе да вложуваме во младинските категории и со правилна работа и посветеност во иднина да создаваме играчи кои ќе бидат дел од најсилните фудбалски лиги“, истакнаа од ФК Академија Пандев на нивната фејсбук страница.

„Вреди да се вложува во младинските школи и овде не застануваме, напротив тоа е голем поттик и мотив да продолжиме да докажуваме дека ФК Академија Пандев оди по вистинскиот пат“ додаваат од клубот.

Ова е втор трансфер за ФК Академија Пандев, по трасферот на Кристијан Трпановски во Славија Прага минатиот летен преоден рок.

Comments are closed.

Capture