Интер сака да го врати Горан Пандев?!

Како што пишува еден од италијанските весници „Газета дело Спорт“, италијанскиот гигант Интер во летниот преоден рок ќе се обиде да го врати назад Горан Пандев.

„Нероаѕурите“ по кратка пауза од неколку години се враќаат во европското елитно натпреварување Лигата на шампионите, а тоа значи дополнителни натпревари, како и потребна ротација во клубот, со што на Спалети ќе му требаат нови играчи.

goran-pandev-42e3316a-812e-4e1b-a9cb-2995b3acd22-resize-750

Според италијанскиот весник, каде што се вели дека струмичанецот е планиран како замена за Мауро Икарди и Роберто Мартинез кој ова лето ќе го засили Интер.

Колку за потсетување Пандев беше претходно дел од Интер, и во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо, ја освоија Лигата на шампиони по пауза од 45 години.

 

Comments are closed.

POP