Јаневски: Жителите на населените места заслужуваат подобра инфраструктура

„Ја корегираме политиката кон населените места, жителите заслужуваат подобра инфраструктура и заедно ќе го подигнеме квалитетот на живот во тие средини“ порача градоначалникот Коста Јаневски, вчера, од населеното место Свидовица. Со своите соработници тој присуствуваше на асфалтирањето на улица која што за приоритетна ја избраа жителите на заедничките средби кои што се одржуваа во ова населено место.
34962163_1663098703743553_5367576279426007040_n-Општина Струмица продолжува со своите активности за градење инфраструктурни објекти и проекти кои што се предвидени со програмата за оваа година. Во моментот се наоѓаме во населеното место Свидовица каде што во тек е асфалтирањето на една од улиците која што самите жители на нашите средби со нив ја посочија како една од приоритетите. Еве ги исполнуваме заедничките желби да го подобриме квалитетот на животот, да ги подобриме инфраструктурните можности во наслените места. Сметам дека населените места заслужуваат да се подигне квалитетот на живот во нив, тие се доста блиску до нашата градска средина, во некои сегменти заостануваат со инфраструктурните проекти во однос на градот и мислам дека тоа е е еден тренд, една политика која што ќе се обидеме да ја корегираме. Јас се повеќе ги перцепирам, а и сите наши сограѓани ги перцепираат како дел од градот и мислам дека заслужуваат да имаат подобра инфраструктура. Ова е една од улиците со кои што почнуваме, улица која што се протега од главната трафостаница до таканареченото место Турски гробишта во Свидовица. Можам да најавам дека и во населеното место Муртино моментално се асфалтираат три улици. Улицата тука во Свидовица е во должина од околу 300 метри, а во Муртино се три помали улици кои што имаат вкупна должина од 250 метри. Можам со задоволство да најавам дека општина Струмица започнува и со реализирањето на програмата во градот со уредување на тротоарите. Веќе се предвидени пет тротоари кои во прва фаза ќе бидат уредени со површина од околу 600 метри квадратни и така во наредниот период треба да очекуваме и сигурен сум дека општина Струмица со еден поизразен интезитет ќе започне со реализирање на програмата која што сме ја зацртале за оваа година, рече градоначалникот Јаневски.34825113_1663098700410220_5335188845874905088_n

Comments are closed.

Capture