Беласица во ВМФЛ – Исток со најмногу постигнати голови, а најмалку примени

Фудбалерите на Беласица, кои беа шампиони во Втората македонска фудбалска лига – Исток, во сезоната што измина, обезбедија место во Првата лига за следната сезона.

До шампионскиот пехар Беласица стигна со вкупно 18 победи, пет ремиа и два порази, при што обезбедија вкупно 59 бодови.

Фудбалерите на овој фудбалски клуб постигнаа 81 погодок, што ги прави најефикасни во целата сезона, втор најефикасен клуб е Брегалница со 54 постигнати погодоци.

Belasica - Kozuv Gevgelija - vo Strumica 31.03.2018

Во однос на одбрата, односно примените погодоци, Беласица прими само 11 голови, додека втор клуб со најмалку примени погодоци беше Борец од Велес.

Беласица прикажа одлична игра во текот на целата сезона, беше доминантна во секои натпревар, и направи голем успех, струмичката гордност се врати во елитата, таму каде што и е местото.

Во следната сезона ќе гледаме големи градски дербиа помеѓу Беласица и Академија Пандев. „Младост“ ќе биде преполн и ќе го привлече вниманието на секои љубител на фудбалот.

 

Comments are closed.

POP