Стојан Стојчевски е првото засилување за Академија Пандев

Академија Пандев го направи првото свое засилување за следната сезона. На својата фејсбук страница објавија дека го договориле 25-годишниот Стојан Стојчевски, со договор од две години.

„Добивме одличен играч на позицијата централен дефанзивец за посилна одбрана во новата сезона. Стојчевски доаѓа од тимот на Силекс каде настапуваше изминатите две сезони. Планирани се уште неколку засилувања во следниот период и комплетирање на ростерот за сезоната која следува“ велат од Академија Пандев на својата фејсбук страница.

 Стојан Стојчевски

Comments are closed.

POP