Официјално: Зоран Балдовалиев се врати во својот матичен клуб Беласица

Беласица со второ засилување за новата сезона, од клубот истакнаа дека договор постигнале и со Зоран Балдовалиев.

Балдовалиев беше најдобар стрелец на Академија Пандев по што ги напушти, и премина во редовите на Беласица.

35-годишниот Балдовалиев во својата кариера го носеше дресот на Публикум. МТК Араз, Вентспилс, Локомотив Пловдив, Локомотив Софија, Ирони Киријат, Паралимни, Турново, Кијасо, Керкира и Олимпијакос Волос.

Двете засилувања кои ги направи Беласица се од Академија Пандев, претходно пред Балдовалиев, потпис за градскиот ривал стави и Вујанац.

Зоран Балдовалиев

Comments are closed.

Capture