Тиверија сезоната ја заврши на третото место во Третата лига – Југоисток

Екипата на Тиверија оваа сезона заврши на третото место во Третата лига – Југоисток, со вкупно 43 освоени бодови.

Фудбалерите на овој фудбалски клуб постигнаа 65 погодоци, а примија 34. Во текот на сезоната која измина, Тиверија има забележано 14 победни, едно реми и осум порази.

Tiverija - Dojransko Ezero - vo Strumica 18.03.2018

Бодовната разлика помеѓу нив и второпласираниот Василево изнесува 12 бодови, додека со Напредок Радово кој сезоната ја завврши на четвртото место бодовната разлика изнесува три бодови.

Сезоната два фудбалски клуба ја завршија предвреме. Тоа се екипите на Партизан Баш, кој во текот на првенството додека се натпреваруваше успеа да освои само еден бод, и да постигне 17 погодоци, со што сезоната ја завршија како последни.

Академија Кукла се откажа подоцна, и во текот на првенството додека се натпреваруваше освои 16 бодови, а завршија на осмото место на табелата.

 

Comments are closed.

POP