Спартмани сезоната ја завршија на петтото место

Екипата на Спартмани од Градско Балдовци сезоната ја завршија на петтото место на табелата со вкупно 24 освоени бодови.

Detonit Junior - Spartmani - vo Radovish - 18.03.2018

Во текот на сезоната овој фудбалски клуб има забележано седум победи, три ремиа и 13 порази, додека пак фудбалерите постигнале 42 погодоци, а примиле 46.

Спартмани сезоната ја завршија пред Младост од Удово (6. место), Дојранско Езеро од Дојран (7. место), Академија Кукла (8. место) и пред Партизан Баш (9. место).

Потсетуваме дека Академија Кукла и Партизан Баш се двете екипи кој предвреме го напуштија првенството.

 

Comments are closed.