Завршен настан во ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“

Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците и наставниците од ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица изведоа музичко сценски перформанс, како завршен настан од програмските активности на секцијата „Музички фолклор“. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во музичко сценските настани. Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес. Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со БРО-Скопје.34258990_1661197970600293_9041815368296824832_n 34468342_1661197953933628_5360063273523740672_o 34492569_1661197963933627_1919256808241758208_o

Comments are closed.