Василево како второпласиран ја заврши сезоната во Третата лига – Југоисток

Фудбалерите на Василево сезоната ја завршија како второпласирани на табелата во Третата лига – Југоисток, со вкупно 55 освоени бодови.

FK Vasilevo 3

Василево во оваа сезона забележа 18 победи, едно реми и четири порази, при што фудбалерите на екипата на Василево постигнаа 89 погодоци, што ги прави втора најуспешна екипа по бројот на постигнатите погодоци, пред нив е само шампионот Детонит, кој постигна три гола повеќе од нив, а примиле 31 погодок, со што ја имаат најдобрата одбрана, после онаа на Детонит.

Во меѓусебните дуели помеѓу Василево и шампионот Детонит, Василево забележа само една победа, и тоа во последното коло на градскиот стадион во Радовиш, каде со 0:3 Василево го победи Детонит.

 

 

Comments are closed.

Capture