Беласица и Академија Пандев во Прва лига: Кои се останатите екипи во ПМФЛ ?

Струмица во новата сезона во рамките на Првата македонска фудбалска лига ќе има два претставника, екипите на Академија Пандев и Беласица.

Академија Пандев минатата сезона дебитираше во Првата лига, успеа да избори опстанок, а сезоната ја заврши на шесттото место на табелата, со вкупно 42 освоени бодови.

 

Струмичката гордост Беласица, се врати во Првата лига, откако во Втората лига – Исток го освои првото место со вкупно 59 освоени бодови, и како шампион во оваа натпреварување се врати во ПМФЛ.

Покрај овие две екипи во ПМФЛ во следната сезона ќе се натпреваруваат и шампионот Шкендија од Тетово, Вардар, Работнички, Шкупи, Силекс од Кратово, Ренова, прилепска Победа и Македонија ЃП.

Македонија ЃП како шампион во Втората лига – Запад, се врати повторно во елитата, додека Победа преку бараж со Борец од Велес успеа да го задржи прволигашкиот статус. Претходно Борец го победи Гостивар, екипа која беше второпласирана во Втората лига – Запад, па во меѓусебниот дуел, велешани беа подобри на пенали , но во следниот бараж, Борец загуби, а Победа избори опстанок.

 

 

 

Comments are closed.

POP