Во вторник започнува петто издание на ЈO – ЈО детскиот Фестивал

Во вторник на 5ти Јуни во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи петтото издание на детскиот фестивал „Јо Јо“.

На главната сцена ќе настапат 15 талентирани дечиња со новокомпонирани песни од домашните и роднокрајни автори и композитори.33995430_10216623582885598_2796979339919360000_n

-Од година во година расте интересот и квалитетот на детскиот фестивал кој стана препознатлив белег на музичкото живеење во Струмица. Се трудиме максимално да ги почитуваме професионалните критериуми, од сценски настап до музичката интерпретација. Она што не радува е што од овој фестивал се раѓаат  имиња и таленти кои може и во иднина да бидат дел од музичкото живеење во Струмица, вели Мери Јанчева, организатор на фестивалот.

Според неа,  ова петто јубилејно издание ќе донесе ново освежување во детскиот музички свет чии рефрени и стихови се пеат и живеат низ годините.

-За малиот и прв јубилеј, подготвивме и химна на фестивалот која ја исполнуваат сите деца учесници. Воведовме и новини во визуелниот и графички приказ на фестивалот, додава Јанчева.

На ”Јо Јо” фестивалот му претходи процес на аудиција на која во просек се пријавуваат 500 деца од основните училишта од струмица и регионот. Финалистите кои ги бира стручно жири составено од врвни музичари,  добиваат шанса за фестивалски настап. Секоја година, песничките се запишани и на ЦВ, а фестивалот медиумски е покриен од  регионалната ТВ Канал ВИС и локалните веб портали.

Comments are closed.

Capture