Борец падна на „Младост“ во Струмица, Победа останува прволигаш

Екипата на Победа од Прилеп и во следната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, откако во бараж-натпреварот со Борец од Велес славеше со 2:1 (2:0) на стадионот „Младост“ во Струмица, со што се потврди дека овој стадион за прилепчани е среќен.

Победа - Борец - бараж за ПМФЛ - Младост, Струмица 2

Овој натпревар одлучуваше кој ќе биде последниот тим од најсилното фудбалско натпреварување во Македонија. Прилепчани успеаа да го надигра Борец и да го задржат прволигашкиот статус.

Струмица во следната сезона во Првата лига ќе има два претставника, екипите на Беласица и Академија Пандев.

Во следната сезона екипи кои што ќе се натпреваруваат во Првата лига се, Шкендија, Вардар, Работнички, Шкупи, Силекс, Академија Пандев, Ренова, Победа, Беласица и Македонија Ѓорче Петров.

Comments are closed.