Се одржа семинар на тема „Роботика и дигитални умешности“ во Струмица

Денеска во просториите на хотелот „Вила Парк“ во Струмица се одржа семинар на тема „Роботика и дигитални умешности“. Семинарот е организиран од фондацијата „Бугарска памет“ од Бугарија во соработка со здружението „GLOBAL OPTIMUM“ од Струмица.33709772_1745945825512794_1847681702239928320_n На семинарот присуствуваа ученици од четирите средни училишта од Струмица: гимназијата „Јане Сандански“, СОУ „Димитар Влахов“, СОУ „Никола Карев“ и ПСУ „Јахја Кемал“ и средношколци од училиштето „Методија Митевски Брицо“ од градот Делчево. Целта на семинарот беше едукација на учениците во врска со иновации со роботиката. Беше претставен хуманоиден робот NAO и се обработи и темата „Што се криптовалутите?“. Имаше презентација на тема „Роботиката за подобра иднина“ како и беше спроведена интерактивна сесија склопување на робот модели со непосредно учество на учениците учесници на семинарот. Едукацијата и презентациите беа спроведени од страна на Димаи Михнев еден од основачите на Роболига Бугарија кој е познат програмер и развоен инжинер како и Бисер Манолев познат финансист од Бугарија.33744619_1745898945517482_1384463114224795648_n 33809746_1745896572184386_3229091124782039040_n 33837585_1745875205519856_6120291021994590208_n 33837619_1745909128849797_6126135540476542976_n 33850119_1745912915516085_1376950623718604800_n 33923512_1745913915515985_4215494775932977152_n 33923527_1745888275518549_4517201707192549376_n

Comments are closed.