ООУ „Маршал Тито“ од Струмица го одбележи својот патронен празник

Учениците и вработените во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица денеска го одбележаа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот 1 (34)Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица. Учениците изведоа богата програма, а директорот на училиштето Благица Устапетрова им врачи признанија на учениците кои освоиле награди на општински и државни натпревари од повеќе области. Во рамките на одбележувањето на празникот се одржа презентација на проектот „Нашата општина во духот на соживотот“ кој што се реализира преку програмата за мали грантови од проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.2 (17)

Во чест на празникот  на училиштето се одржа општински натпревар во пинг – понг за учениците од основните и средните училишта. Меѓу натпреварувачите од основните училишта првото место го освои Кенан Асанов од истото училиште кој исто така го освои првото место и на државниот натпревар кој што се одржа во Скопје.3 (15)

Comments are closed.

POP