Градоначалникот Јаневски оствари средба со амбасадорот на Италија Карло Ромео

Градоначалникот Коста Јаневски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео. На средбата се разгледуваа можностите за продлабочување  на соработката, а посебен акцент беше ставен на воведувањето на италијанскиот јазик во македонскиот училишен систем и соработката која што може да ја има општина Струмица со градовите во Италија. Во март годинава Владата на Република Македонија донесе одлука италијанскиот јазик да се воведе како втор изборен јазик со што од новата учебна година, учениците ќе имаат можност меѓу другите странски јазици да го изберат и италијанскиот јазик.

-Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот што ми ја овозможи оваа средба и тоа не само со него, туку и со неговите колеги градоначалници од регионот со кои што заедно разговаравме да се промовира италијанскиот јазик и култура и тоа не само во Струмица, туку, да имаме можност истото да го направиме и во нивните градови, рече амбасадорот Карло Ромео.2 (16)1 (33)

Градоначалникот Јаневски истакна дека во Струмица постои клима за реализација на идејата за изучување на италијанскиот јазик.

-Ја прифаќаме оваа идеја со големи симпатии постои клима за една таква иницијатива, се разбира ќе следуваат анкети со учениците и родителите за да видиме колкав е интересот за изучување на овој јазик. Јас лично сметам дека тука постои една голема симпатија спрема италијанската култура и јазик, не спојуваат и тоа што поголем број наши сограѓани живеат и работат во Италија, нивните деца таму исто така го учат италијанскиот јазик, мислам дека тоа е една спона која што ни дава убава база за да направиме уште една успешна приказна во нашата општина и да го негуваме и унапредуваме ова пријателство и во иднина, рече градоначалникот Јаневски.3 (14)

На средбата присуствуваа и градоначалници на општини од југоисточниот регион и италијанскиот конзул Стојан Витанов, а беше посетено и основното општинско училиште „Сандо Масев“ во Струмица.

Comments are closed.

POP