Спартмани силите ќе ги одмери со Младост Удово

Екипата на Спартмани во 25. коло од Третата лига – Југоисток, силите ќе ги одмери со Младост од Удово.

14183821_1845507285677369_5352376143345777888_n

Спартмани со 23 освоени бодови се петтопласирани, исто колку што има и Дојранско Езеро кој е шести, како и Младост кој исто така, со 23 бодови е седми на табелата.

Исходот од натпреварот помеѓу Спартмани и Младост, како и од Дојранско Езеро со Напредок, ќе одлучи кој од Спартмани, Младост и Дојранско Езеро ќе заврши на петтото место на табелата.

Во досегашниот тек од сезоната, Спартмани има забележано седум победи, две ремиа и 13 порази, додека Младост од Удово, има исто така седум победи, две ремиа и 13 порази.

Comments are closed.