Струмица со два претставника во ПМФЛ: Академија Пандев и Беласица

Струмица во следната сезона, во Првата македонска фудбалска лига ќе има два претставника, Академија Пандев и Беласица

Екипата на Академија Пандев која беше дебитант во Првата лига, сезоната ја заврши на шесттото место на табелата, со вкупно 42 освоени бодови.

Belasica - Kozuv Gevgelija - vo Strumica 31.03.2018

Пандевци во текот на сезоната имаа одлична игра, а исто така, имаа можност и за излез во Европа, но сепак таа цел не беше остварена.

Фудбалерите на Академија Пандев, во текот на оваа сезоната во Прва лига, постигнаа 43 погодоци, а примија 47.

Од следната сезона покрај Академија Пандев, во ПМФЛ влегува и Беласица. Екипата на Беласица заврши како прва во ВМФЛ – Исток, со вкупно 59 освоени бодови, со што Струмица ќе има два фудбалски претставника во Првата македонска фудбалска лига, а Струмичани ќе имаат можност да уживаат во градските дербија, помеѓу Академија Пандев и Беласица.

 

Comments are closed.

POP