Беласица го подигна пехарот и стана дел од ПМФЛ

Фудбалскиот клуб Беласица, го подигна пехарот и го прослави влезот во Првата македонска фудбалска лига.

Беласица - Шампиони - ВМФЛ - Исток - сезона 2017-2018

Беласица со вкупно 59 освоени бодови, сезоната ја заврши на првото место на табелата. Струмичката гордост, во оваа сезона забележа вкупно 18 победи, пет ремиа и два порази, при што фудбалерите постигнаа 81 погодок, со што Беласица е најефективниот тим во Втората лига – Исток, а примиле само 11 погодоци, со што Беласица ја има најдобрата одбра во сезона 2017/2018.

Беласица - Шампиони - ВМФЛ - Исток - титула 2017-18

 

Comments are closed.