Скопскиот брас квинтет со Queen vs. The Beatles на СОФ 2018

Членовите на Скопскиот брас квинтет ќе ги покажат лимените дувачки инструменти во една поинаква улога на СОФ 2018. На 13 август на Езерцето од 22:00 часот ќе изведат концертен облик на настан надвор од класичниот репертоар со избор композиции од легендарните групи „Queen “ и „The Beatles“.SOF - FB POST

„Членовите на Скопскиот брас квинтет се редовни членови во националниоте музички куќи – Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, како и надворешни соработници во Градскиот дувачки оркестар, Биг-Бендот на МРТ и Биг-Бендот на Здружението на Џез-музичари на Македонија. Одличен состав кој ќе ве распее на уникатен начин!“

Од „Битлси“ до Бах, од Џон Вилијамс до Сони Компанек, репертоарот на Скопскиот брас-квинтет е широк и се движи низ различни стилови и жанрови. Рок вечерта посветена на култните групи Queen и The Beatles ќе биде трибјут на најголемите светски хитови изведени на труби, хорна, тромбон, туба и тапани.

Comments are closed.

POP