ЖФК Тиверија со убедлива победа против ЖФК Тетово

Екипата на ЖФК Тиверија забележа убедлива победа против ЖФК Тетово, во претпоследното 21. коло од МФЛ Жени, со резултат од 0:9.

ЖФК Тиверија - во акција

Тиверија со оваа убедлива победа, е лидер на табелата со 60 бодови, исто колку што има и Драгон 2014, кој по поразот од Тиверија сега е на второто место.

Во следното коло, Тиверија игра против ЖФК Борец, додека Драгон ќе ги одмери силите против ЖФК Атлетико.

Тиверија во досегашниот тек од сезоната има постигнато 134 погодоци, а примено 10, додека Драгон има постигнато 128, а примено 8.

Последното коло ќе одлучи кој ќе биде новиот шампион.

 

Comments are closed.

POP