Василево убедлив против Спартмани

Екипата на Василево, забележа сигурна и убедлива победа со резулат од 4:0, над екипата на Спартмани, во претпоследното 24. коло од Третата лига – Југоисток.

FK Vasilevo

Василево со 52 бодови е второпласиран на табелата, а со сигурност и како втор ќе ја заврши сезоната, додека Спартмани е петти на табелата со 23 освоени бодови, и постој можност, доколку во следното коло кое е последно, Спартмани загуби од Младост Удово, а Дојранско Езеро победи против Напредок Радово, тогаш екипата од Дојран ќе ја заврши сезоната како петтопласирана, додека Спартмани ќе биде шестти.

Шампионот Детонит во оваа коло, го победи Напредок Радово, и со 64 бодови е лидер на табелата.

Comments are closed.

Capture