Беласица со реми против Брегалница: Струмичката гордост во Прва лига

Фудбалерите на Беласица, во последното коло од Втората лига – Исток, на „Младост“ одиграа нерешено (1:1) со штипска Брегалница, со што Беласица од следната сезона во Прва лига, додека Брегалница останува во Втора лига – Исток.

ФК Беласица - ФК Брегалница - 19.05.2018 - ВМФЛ - Исток

Беласица го подигна шампионскиот пехар и официјално го доби прволигашкиотстатус. Од следната сезона во Струмица, ќе се гледаат возбудливи градски дерби натпревари, помеѓу Беласица и Академија Пандев.

Од Втора лига – Запад, во Првата лига влегува Македонија Ѓорче Петров, додека второпласираниот Гостивар од Запад ќе ги одмери силите со второпласираниот Борец од Исток. Победникот од овие две екипи, силите ќе ги одмери со Победа од Прилеп.

Беласица - Шампиони - ВМФЛ - Исток - титула 2017-18

 

Comments are closed.

Capture