Академија Пандев загуби од Силекс и со пораз ја завршува сезоната

Екипата на Академија Пандев, загуби од екипата на Силекс, со резултат од 1:2, на стадионот „Кукуш“ во турново, во последното 36. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Шкендија - во Турново - 25.04.2018 -2

За Академија Пандев овој натпревар и немаше резултатско значење. Пандевци сезоната ја завршуваат на шесттото место на табелата, со вкупно 42 освоени бодови, со 10 победи, 12 ремиа и 14 порази.

Силекс иако победи, сепак кратовчани остануваат на петтото место на табелата со 50 освоени бодови, и вратите за Европа остануваат затворени.

Од Прва во Втора лига се слелат Пелистер од Битола и екипата на Скопје. Пелистер сезоната ја заврши на последното, десетто место со 34 бодови, додека Скопје како деветти со 35 бодови.

Екипата на Победа, која со минимален резултат од 1:0 над екипата на Ренова, сезоната ја завршува на осмото место на табелата со 38 освоени бодови, со што прилепчани ќе имаат можност преку бараж да се изборат за опстанок во ПМФЛ.

Шкендија и официјално со убедлива победа од 4:0 над Пелистер, стана новиот шампион во најсилното фудбалско натпреварување во Македонија.

Comments are closed.

POP