Василево против Спартмани

Второпласираниот Василево во натпревар од 24. коло од Третата лига – Југоисток, силите ќе ги одмери против екипата на Спартмани.

FK Vasilevo 3

Василево е втор на табелата со вкупно 49 освоени бодови, и со сигурност сезоната ја завршува на второто место. Спартмани во моментот со 23 бода е пласиран на петтото место на табелата, исто толку бодови има и Дојранско Езеро, кој е шестти на табелата.

Неизвесност ќе има кај овие две екипи, во борбата за сезоната да се заврши на место погоре на табелата.

 

Comments are closed.

Capture