Беласица на Младост против Брегалница

Екипата на Беласица, во последното 27. коло од Втората лига – Исток, на домаше терен, ќе ја пречека екипата на Брегалница од Штип.

Belasica - Borec - 10.03.2018 - Strumica

Овој натпревар ќе привлече најголемо внимание, од останатите натпревари од ВМФЛ – Исток, бидејќи ќе се одлучува за второто место, помеѓу Брегалница и Борец.

Во минатото коло, Беласица го доживеа вториот сезонски пораз од екипата на Борец, која со резултат од 3:0 славеше во Велес. Денес на „Младост“ во случај да Брегалница загуби од Беласица, а Борец победи против Саса, тогаш Борец ќе биде второпласиран и ќе игра бараж за влез во ПФМЛ, додека штипјани во тој случај ќе бидат трети, и ќе останат со празни раце.

Comments are closed.