Академија Пандев против Силекс

Академија Пандев на „Кукуш“ во Турново ќе ги одмери силите против Силекс, во натпревар од последното 36. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев - Победа - во Турново - 02.05.2018-2

Академија Пандев го обезбеди опстанок во ПФМЛ, единствено останува исходот од овој натпревар, за тоа дали Академијата сезоната ќе ја заврши како шеста или како седма на табелата.

Силекс во Турново ќе има многу тешка задача, со цел да би обезбедил излезен кон Европа. Екипата од Кратово, во моментот е петтопласирана, откако во минатото коло со Работнички одигра нерешено (0:0), а Шкупи славеше со 0:2 во Битола против Пелистер, со што клубот од Чаир изби на четврттата позиција.

Шкупи ќе има тешка задача против Вардар, со што за екипата од Чаир се отвара можност да, со евентуална победа над Вардар, а пораз на Работнички од Скопје, тогаш Шкупи би бил трети на табелата, а Работнички би бил едно, или две места подолу на табелата, во зависност од исходот во Турново.

Тешка битка за опстанок ќе се води и на долниот дел од табелата. Скопје во моментот со 35 бодови е осми на табелата, исто колку што има бодови и Победа која е деветта. Пелистер со 34 бодови е последен на табелата.

Скопје му гостува на Работнички, Победа во Прилеп ќе игра против Ренова, екипа на која не им се потребни бодови, во борбата за опстанокот, додека Пелистер во Тетово против новиот шампион Шкендија, ќе има тешка задача. Битолчани за да го обезбедат осмото место на табелата, кое преку бараж обезбедува опстанок во ПМФЛ, потребно е во Тетово да победат, а Победа и Скопје да загубат.

 

Comments are closed.

POP