Нова кривична пријава за поранешниот градоначалник на Општина Василево

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против  В.С   (51) од с.Едрениково, правно лице од Струмица и В.М (51) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека првопријавениот сторил кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување„  по член 353 од КЗ на РМ, а  правното лице  и одговорното лице во правното лице сториле кривично дело  „Употреба на исправа со невистинита содржина“ чл.380 ст.1  од КЗМ.василево

Првопријавениот во својство на градоначалник на Општина Василево, искористувајки ја својата службена положба, со пречекорување на границите на своето овластување, постапил  спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на  штета на буџетот на Општина Василево.

Имено В.С извршил нелегална легализација  односно пренос на правото за легализација на објект на Ветеринарна станица Струмица изграден во 1959 година во с. Василево, за кој Општина Василево поднесува барање за легализација без никаков правен однос и истото право го пренесува на второпријавеното правно лице со цел стекнување на одредена корист. На тој начин му овозможил на второпријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист, и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект за кој поднел барање за легализација од 2011 година, за да третопријавениот како управител на правното лице покасно со договор за купопродажба го продаде на  политичка партија.

Comments are closed.

POP