Академија Пандев загуби од Вардар во Скопје

Екипата на Академија Пандев, го забележа тринаесетиот сезонски пораз, откако денес на „Телеком арена“ во Скопје, со резултат од 3:2 загуби од актуелниот шампион Вардар.

Akademija Pandev - Rabotnicki - 01.04.2018

Академија Пандев по овој пораз, ги загуби шансите за четвртото место, и евентуалниот излез кон Европа. Но, онаа што треба да се напомене е дека со одличната игра на Шкупи над Пелистер, клубот од Чаир сега е четврти, додека Силекс на едно коло до крајот е петти на табелата, со што во последното 36. коло ќе гледаме возбудлив фудбал во ПМФЛ.

Академија Пандев во моментот е шестта на табелата со 42 бодови, со што сезоната може да ја заврши како шестта, или евентуално како седма, во случај да во среда на „Кукуш“ загуби од Силекс, кој ќе бара победа, за да може да се искачи на третото место, а исто така Ренова победи во Прилеп кај Победа, тогаш Академија Пандев ќе биде седма на табелата.

На долниот дел од табелата, Пелистер со 34 бодови е последен, Победа со 35 бода е деветта, исто колку што има Скопје, кој сега е осми на табелата.

Comments are closed.