,,Tритерол” организира екскурзија до манастирот Св.Василиј Острошки во Црна Гора

Тритерол  организира екскурзија до манастирот Св.Василиј Острошки во Црна Гора. Тргнувањето е на ден 01.06.2018 (петок). Цената изнесува 1500 денари.Резервации на тел 034 609-775 или во канцеларијата на Тритерол спроти Малиот градски парк во Струмица.

Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.Ostrog ostrogcarousel1

Comments are closed.