Академија Пандев со минимален пораз од Работнички

Екипата на Академија Пандев, со минимален резултат од 0:1, загуби на „Кукуш“ од Работнички, во натпревар од 33. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Akademija Pandev - Rabotnicki - 01.04.2018

Овој натпревар беше значаен и за двете екипи, во трката за третото место на табелата, место кое води кон Европа.

По поразот, Академијата се сели на шесттото место на табелата, со вкупно 42 освоени бодови, додека Работнички сега е трети со 48 бодови, бидејќи Силекс, минимално со 1:0 загуби од Победа во Прилеп.

Во следното коло, Академија Пандев гостува кај екипата на Вардар. Овој натпревар за струмичани ќе биде тежок натпревар, во бо борбата за третото место на табелата, а исто така, тешка битка ќе се води за третото место и во директниот дуел помеѓу Силекс и Работнички.

Шкендија е прва со 85 бодови, додека Скопје со 32 бодови е последнопласиран на табелата.

Comments are closed.

Capture