Беласица загуби од Борец на гостувањето во Велес

Беласица загуби од екипата на Борец, на гостувањето во Велес, со убедлив резултат од 3:0, во натпревар од 24. коло од Втората лига – Исток.

Belasica - Borec - 10.03.2018 - Strumica

За велешани, оваа победа е од големо значење, бидејќи остануваат и понатаму во игра за второто место, со што би имале можност преку бараж да се вратат во Првата лига.

До крајот од сезоната, останува уште само едно коло, каде Беласица на домашен терен ќе игра против Брегалница, додека Борец гостува кај Саса, и ќе има полесна задача за нова победа.

Во случај да Брегалница загуби на „Младост“, а Борец победи, тогаш велешани ќе се искачат на второ место на табелата, но доколку Брегалница одигра нерешено, или победи против Беласица, тогаш штипјани ќе остануват втори на табелата, и преку бараж ќе имат можност да се вратат во Првата лига.

 

Comments are closed.

POP