Василево во дуел со Напредок Радово

Екипата на Василево, во натпревар од 23. коло од Третата лига – Југоисток, ќе ги одмери силите со Напредок од Радово.

Василево во моментот е пласиран на второто место на табелата, со вкупно 46 освоени бодови, додека Напредок Радово е трети со 40 бодови.

FK Vasilevo 3

Во случај на победа на Василево, бодовната разлика ќе се зголеми на 9 бода, но во случај на победа на екипата од Радово, тогаш оваа разлика ќе се намали на 3 бода.

Тиверија со евентуална победа во Радовиш, кај новиот шампион на Третата лига – Југоисток, а пораз на Напредок од Василево, би можела до крајот на сезоната да заврши и како третопласирана, бидејќи Напредок во следното коло игра против Детониот, а тоа ќе биде тежок натпревар за нив.

Comments are closed.